Стартува пробниот попис на населението, домаќинствата и становите – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/19 7:26 AM

Стартува пробниот попис на населението, домаќинствата и становите

Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска ќе започне со теренски активности за пробниот попис на населението, домаќинствата и становите. Пробниот попис ќе се спроведе во 32 пописни кругови на територијата на 13 општини во државата, и тоа во Гостивар, Кисела Вода, Зелениково, Штип, Радовиш, Куманово, Свети Николе, Кратово, Прилеп, Долнени, Струга, Кичево и Валандово.

Како што соопшти ДЗС, основната цел на пробниот попис е тестирање на подготвените методолошки, организациски и ИТ решенија за примената на новиот комбиниран методолошки пристап во Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2020 година.

Пробниот попис се спроведува исклучиво за статистички потреби и од него нема да произлезат податоци, туку само информации за оперативно-техничката подготвеност на сите инструменти за успешно спроведување на оваа најголема статистичка операција во 2020 година, велат од ДЗС.

МИА