Полициско возило со ротационо светло го следеше товарното возило во центарот на Штип, каде во приколката можеа да се забележат мигранти од Блискиот Исток. Конвојот возила во придружба ја помина улицата што води кон полициската станица, веројатно за документирање на случајот. Ова е еден од многуте случаи на трговија со луѓе, каде се вклучени групи кои ги сочинуваат жители на Штип, Радовиш, Струмица и Гевгелија. Во текот на зимата беше фатена поголема органзирана група за криумчарење на мингранти, меѓутоа во јавноста нема информаци дали случајот доби судски епилог.
Објавено на: 06/13/19 2:40 PM