Боев: Интернационализација на УГД и трансфер на знаењето кон стопанството – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/19 2:05 PM

Боев: Интернационализација на УГД и трансфер на знаењето кон стопанството

Квалитет на наставата, интернационализација на Универзитетот ,,Гоце Делчев“  ,научно-истражувачка работа, иновации , спрега на стекнатото знаење со стопанството ќе бидат во фокусот и во наредниот  тригодишен мандат  на ректорот, Академик Блажо Боев, кој што вчера по втор пат ја доби довербата на Научно-наставниот совет.

,, Ќе се свртиме на интренационализацијата на Универзитетот, односно ќе се насочиме на работа со странски студенти.Тоа е важен предизвик за времето што доаѓа ,така што во повеќето единици ќе бидат акредитирани студенски програма на англиски јазик,што што ќе се овозможи поголем пристап на странски студенти.

Важна активност ќе биде и научно-истражувачката работа трансфер на знаењето кон стопанството.

,,Веќе е формиран Центарот за трансфер на технологии,  кој ќе значи трансфер на знаења, отворање на нови работи места преку старт-ап друштва и спин-оф компании во рамките на Универзитетот, од страна на вработените, односно професорите и студентите.“, рече Боев.

До 15 септември треба да се реализира изборот на сите органи на Универзитетот.

Досега ,како што информираше Боев,е конституиран Универзитетскиот сенат, извршен е избор на ректор,следуваат постапките за избор на декани на факултетите и академиите,проректори и генерален секретар.