Товарно возило „Ивеко” вчера кај селото Колари излетало од патот. На магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари, товарно возило „Ивеко” со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.Т. 44- годишен од Тетово, изгубило контрола и излетало од патот.
Сообраќајката се случила вчера во која со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Т., кој бил пренесен во болницата во Кичево, а подоцна и во Клиничкиот центар во Тетово, каде му била укажана лекарска помош. Кај совозачот Д.М. 22-годишен од Скопје биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.