Разводот на родителите нѐ обележа, признаваат сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ во заедничкото интервју за српскиот магазин „Стори“. Нивните родители Брана, поранешна оперска пејачка и Велко, професор по контрабас, останаа во добри односи по разделбата. Во интимната приказна објавена во печатеното издание на весникот, тие зборуваат и за тоа дека далечината не е причина да не останат блиски.
Не ми беше сѐ едно кога Тијана се пресели во Белград, а не ми е ни сега. Но, знам дека таа тука е среќна, вели Тамара.
Тамара престојуваше во Белград во изминатиот период, каде е доста актуелна по завршувањето на „Евровизија“. За потсетување, од Србија Македонија доби по 12 поени и од жирито и од гласачите.
Извор: Република