Со фалсификувана диплома си градел кариера – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/19 5:31 PM

Со фалсификувана диплома си градел кариера

Кривична пријава против 47-годишник од село Лојане, поднесе кумановската полиција. Тој бил враборен како полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Табановце.

Според информациите  од МВР, пријавата е поднесена поради сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.

Имено, во минатото пријавениот извршил фалсификување на дипломата за завршено средно образование, издадена од средното училиште „25 Мај“ од Прешево, Србија. По тоа, на почетокот на 2003 година, ваквата диплома ја приложил во Министерството за одбрана при склучување договор за вработување како професионален војник. Исто така, кон средината на 2005 година ваквата диплома била употребена и при склучувањето спогодба за преземање работник во МВР, со што пријавениот засновал работен однос како полицаец.

На 7 јули 2005 година Основното јавно обвинителство Куманово поднело обвинителен акт против пријавениот поради постоење сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа, а во врска со употребата на наведената лажна диплома при засновање работен однос.

По ова, на 19.3.2007 година Основниот суд Куманово донел пресуда со која го осудил пријавениот како виновен за што не го известил Министерството за внатрешни работи.