Домашни туристи кои уплатија арамжман за Египет и чекаа од ноќеска на Скопскиот аеродром после 10 часот полетаа кон Хургада.
Според инфорамциите на веб страницата на Меѓународен аеродром Скопје, полетале во 10 и 44 часот со авион на „Флај 2 Скај ерлајнс”.
Туристите требало да полетаат ноќеска на полноќ, со одложување дека тоа ќе се случи во 2:30, па во 5:00 часот, и во 7:00 часот.
Аранжамот го уплатиле преку неколку туристички агенции.
Случајот не беше пријавен во Државниот пазарен инспекторат.
МИА