Димитров на министерски состанок на ЦЕИ во Трст – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/19 6:56 AM

Димитров на министерски состанок на ЦЕИ во Трст

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) во Трст.

Италија е претседавач и домаќин на министерскиот состанок во годината во која ЦЕИ одбележува 30 години од своето постоење. На состанокот се очекува министрите за надворешни работи да разменат мислења околу актуелните случувања, предизвици и идни активности на ЦЕИ во регионот и натамошната соработка на земјите.

Централноевропската иницијатива ја сочинуваат седумнаесет држави од Централна и Југоисточна Европа, а нејзината цел, како меѓувладина платформа за консултации на високо ниво, е да ја поддржи европската интеграција на земјите членки и регионалната соработка како меѓу земјите така и во рамките на ЦЕИ со ЕУ.

На маргините на состанокот се предвидени и средби на министерот Димитров со неколку свои колеги.

МИА