Скопјанец со тешки повреди завршил на Комплексот клиники, „Мајка Тереза“ откако вчера попладне, во скопската населба Кисела Вода, бил удрен од автомобил.
Во полицискиот билтен се наведува:
На 10.06.2019 година во 17.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено лицето Б.М.(58) од Скопје со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна незгода која се случила на улицата „Сава Ковачевиќ“. Б.М. бил удрен од патничко возило „Пежо 406“ со бугарски национални ознаки, сопственост на А.А.(56) од Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.