Планинар почина на Водно – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/19 5:30 PM

Планинар почина на Водно

Скопјанец починал додека планинарел на Водно вчера, соопшти полицијата.

Вчера во 11.25 часот во Полициската станица Центар, Н.Б пријавил дека, додека се спуштал со велосипед на планината Водно, забелажал лице кое паднало и тешко дишело, по што повикал Итна медицинска помош.

Во 12.15 часот екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. Утврден бил идентитетот на починатиот, шеесет и осумгодишниот М.Ѓ. од Скопје. По наредба Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција.