Отворените листи ќе ги зајакнат помалите партии – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/19 2:32 PM

Отворените листи ќе ги зајакнат помалите партии

Легитимитетот и тежината на идните избрани пратеници ќе се зголеми ако имаме отворени листи и ако се намалат изборните единици, сметаат помалите партии на Албанците. Според нив тоа ќе биде и од корист на сите помалите партии.

Од Алијансата на Албанците велат со помалку изборни единици помалите партии во иднина нема да зависат од никого, ниту пак да влегуваат во коалиција со големите партии.

И Алтернативи на Гаши смета дека од отворените листи ќе имаат корист помалите партии.  

Во неколку наврати сме изјавиле дека подржуваме отворени листи бидејќи го подобруваат квалитетот на понудата пред граѓаните и овозможуваат значително подобро застапување во законодавниот дом, велат од Алтернатива.

Поддршката на претседателот Пендаровски за иницијативата на помалите партии за помалку изборни единици, доби позитивно светло и од сите партии освен од ВМРО-ДПМНЕ од каде се немаат изјаснето по ова прашање.

 

Зоран Димовски