Економските политики даваат видливи резултати – се пофалија од СДСМ – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/19 1:36 PM

Економските политики даваат видливи резултати – се пофалија од СДСМ

Владеачката партија СДСМ денеска се пофали дека нејзините економски политики даваат видливи резултати.

„Економијата сега е стабилна и се движи во нагорна линија. Во првиот квартал од годинава, брутодомашниот производ порасна за 4,1 отсто. Toa е највисок раст на економијата во последниве неколку години – изјави на прес конференција“, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Само преку Оперативниот план за активни мерки за вработување, во 2018 се вработени околу 6.500 лица од кои најголем број се, или над 50 отсто, се млади лица до 29 години. Со пилот програмата Гаранција за млади, минатата година 1.839 млади се вработиле во период од само 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица“, додаде Костадинов.