Намерата на Заев за брзо носење на Законот за попис остава сомнеж за содржината – обвини опозицијата (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 06/9/19 3:48 PM

Намерата на Заев за брзо носење на Законот за попис остава сомнеж за содржината – обвини опозицијата (Видео)

Премиерот Зоран Заев, ја трга можност за вистинска аргументација во Собранието за суштински работи од кои што зависат бројни процеси во Македонија – обвини денеска опозицијата, од каде сметаат дека власта шверцерски и без консултации го изготвила новиот Закон за попис.

„Предлог-законот за попис во петокот бил испратен од Министерството за правда до Собранието, а веќе за понеделник наутро е ставен на расправа на Комисијата за европски прашања, каде што е поднесен со европско знаменце“, изјави на прес конференција денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Според него, ваквото брзање во процедурите за носење на ваков текст, без да се остави доволно време за дискусија, остава место за сомнеж за содржината и за вистинските намери на Заев:

„Кон сето ова може да се додадат и забуните во јавноста кои што беа креирани од власта, за тоа дали и на кој начин ќе биде опфатено прашањето за изјаснување за етничка и религиска припадност, како и прашањето кој сѐ ќе биде преброен и дали и на кој начин ќе бидат попишувани оние кои се отсутни од Македонија во определен временски период? Оттука брзањето овој Закон веднаш и неодложно да биде ставен во процедура, остава место за сомнеж дека постои обид за донесување Закон за спроведување на попис без вистинска консултација со ВМРО-ДПМНЕ, со опозицијата и со јавноста“.