Епидемија на прекројување ги зафати и Унгарците – делови на Хрватска и на Словенија во границите на Унгарија – ММС
ММС

Објавено на: 06/9/19 7:57 AM

Епидемија на прекројување ги зафати и Унгарците – делови на Хрватска и на Словенија во границите на Унгарија

 

Ни Унгарија не е имуна на балканските игри со векови на прекројување на границите, иако таа официјано само граничи со Балканот, пишуваат медиуми од регионот.

Откако пред десетина дена се појави карта на Италија со Истра и Далмација до Сплит во нејзин состав, деновиве Канцеларијата за меѓународна комуникација на унгарската Влада на Твитер објавила карта од пред 1920 година со делови на Хрватска и на Словенија во унгарските граници. Словенија и Хрватска веднаш реагираа.

„Словенија ја осудува објавата на историската карта. Тоа не придонесува за јакнење на европските вредности и на добрососедските односи. ЕУ е проект со кој се надминуваат оптоварувањата и омразата меѓу народите“, објави Министерството за надворешни работи на Словенија.

Реагираа и словенечкиот премиер Марјан Шарец и претседателот Борут Пахор, кој предупреди дека картата може да се сфати и како израз на територијални претензии.

И Хрватска го осуди чинот како неприфатлив.

„Добивме службено уверување од унгарската страна дека не се работи за некакво искажување на територијални претензии, туку спорната фотографија била објавена по повод одбележувањето на историскиот Трианонски мировен договор со кој во овој дел на Европа заврши Првата светска војна“, стои во соопштението на хрватското МНР.