Адеми одговори: Не се кријам, службено бев во Љубљана, затоа не бев на свеченоста на универзитетот Мајка Тереза – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/19 7:54 PM

Адеми одговори: Не се кријам, службено бев во Љубљана, затоа не бев на свеченоста на универзитетот Мајка Тереза

Министерот Арбр Адеми по објавите во медиумите дека денеска се криел и не дошол на свеченото доделување на дипломите на универзитетот Мајка Тереза реагира и во изјава за Либертас вели дека штотуку попладнево се вратил од Љубљана каде што од вчера бил на службен пат.

– Немам зошто да се кријам, јас за обвинувањата од просветниот инспектор Илиевски одговорив и сега истото го велам и ги охрабрувам институциите да го истражат случајот бидејќи сум убеден дека нема ништо незаконско околу мојот статус на Тетовскиот државен универзитет од каде што дојдов на министерската позиција. Местото ми мирува и ќе се вратам таму кога ќе ми заврши функцијата министер за образование и наука – вели Адеми.