Не се во план преговори со Мадуро – тврди Гуаидо – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/19 10:36 AM

Не се во план преговори со Мадуро – тврди Гуаидо

Опозицискиот лидер во Венецуела, Хуан Гуаидо изјави дека опозицијата во моментов не планира да учествува во новата рунда преговори во Норвич со претставниците на претседателот Николас Мадуро, по последните неуспешни разговори одржани на 29 мај.

Гуаидо за време на протестите во централна Венецуела нагласи дека во моментов нови преговори со претставниците на Мадуро не се на дневен ред.

„Зошто не? Затоа што е бескорисно сето она што не води кон оставка на Мадуро“, рече тој.

Гуаидо, кој е претседател на собранието, се прогласи за претседател на Венецуела во јануари, повикувајќи се на уставот на земјата и тврдејќи дека владата на Мадуро била избрана на нелегитимен начин. Како привремен претседател на Венецуела го признаа повеќето западни земји, меѓу кои и САД.