За прв пат после осветувањето на православнот храм Свети Спас над тетовското село Јелошник утринава се одржа литургија со која чиноначалствуваше митрополитот на Тетовско – гостиварската епархија Г Јосиф.
Од црковниот одбор велат дека работат на уредување на манастирскиот двор. Ќе изградат летниковци место трпезарија скара Оваа локација според нив ќе биде одлично место за излет но и првична точка за развој на руралниот туризам во овој крај на тетовско на иделна надморска височина од околу 900 метри во живописната Шар Планина.
Инаку манастирот е изграден по инцијатива на Блашко Србиновски родум од Јелошник а моментално живее во Скопје. На Блашко на сон му се појавил божји човек кој му рекол дека на ова место кое е црковно треба да изгради манастир. Тоа се случило уште во далечната 1999 година.
За сите присутни верници беше приредена братско сестринска трпеза на љубовта.