Во сабота се очекува премиерот Зоран Заев да го претстави новиот владин кабинет.
Неофицијални извори на Алсат информираат дека дотогаш се очекува и договорот со ДУИ, во врска со двајцата функционери на ова партиија кои ќе бидат опфатени од метлата на премиерот.
Од партијата на Али Ахмети велат дека лидерите се во преговори и дека набргу се очекува да излезат со официјални ставови.
– Врз основа на информациите што јас ги имам, лидерите се во преговори кои се во тек и наредните денови ќе излезат со конечна одлука – , изјавил Билен Салији од ДУИ.
Садула Дураку, министер за Екологија за кој се зборува дека ќе премине во новото Министерство за политички систем вели дека сеуште нема ништо официјлано. Тој вели дека за неговата судбина одлучува претседателството на партијата.
– Не знам, не знам. Одлучува Централното претседателство на ДУИ. Јас сум задоволен што сум дел од ДУИ- , тврди Садула Дураку, министер за екологија.
Алсат јавува дека неофицијално се очекува министерот за Финансии, Драган Тевдовски да се замени со директорката на Дирекцијата за јавни приходи, Сања Лукаревска, но не се отфрла можноста во финансии да премине Кочо Анѓушев.
Во рамките на министрите на СДСМ, со промените ќе биде опфатен и министерот за Транспорт и врски, Горан Сугаревски. Ниту Заев ниту СДСМ не информираат кое е името што е предложено за ова позиција.
Молк и во партијата Алтернатива на Африм Гаши. По оставката на Асаф Адеми, од функцијата министер за култура, партијата на Гаши е во преговори со премиерот на Заев околу модалитетите за промена на ресорот или предлог на нови име за оваа функција.
По вториот циклус на претседателските избори, Заев веќе неколкупати изјави дека до средината на месец јуни ќе заврши постапката за реконструкција на Владата.