Неофицијално СЈО ги вратило пасошите и на сопствениците на „Пелистерка“ и „Ноел“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/19 10:09 AM

Неофицијално СЈО ги вратило пасошите и на сопствениците на „Пелистерка“ и „Ноел“

Додека да се одлучи за судбината на СЈО, преку законските измени на законот за јавно обвинителство, истрагата „Империја“ е во статус кво состојба. Под истрага во „Империја“ се неколку имиња на бизнисмени, како Орце Камчев и Цветан Пенделески. Додека да се постигне партиски договор за законските измени, СЈО веќе почна да ги враќа пасошите на бизнисмените под истрага. За Орце Камчев јавноста дозна дека го добил својот пасош откако веќе го видовме на телевизискиот пренос од Келн како го следи настапот на РК Вардар во Лигата на шампионите. По неколкудневни шпекулации, специјалната јавна обввинителка потврди дека пасошот на Камчев е вратен со дозвола на СЈО. Непотврдени се информациите дека пасошите се вратени и на сопственикот на „Пелистерка“, Цветан Панделески (осомничен во истрагата „Империја“) и на Томе Главчев, сопственик на конфекцијата „Ноел“, кој е осомничен во случајот „Поштенска банка“.

Камчев и Панделески поминаа по пет месеци во притвор и куќен притвор.