Равијален фудбалски натпревар на слепи лица од Македонија се одржа денеска во Спортско рекреативниот центар ,,Џексон“.
Тао е прв фудбалски натпревар на слепи лица, што е организиран во нашата држава, велат организаторите.
Средбата ја следеа и гости од Бугарија, со кои што Здруженијата на слепи лица од Македонија имаат соработка, а беа присутни и претставници од здруженијата од Скопје, Тетово, Струмица, Прилеп и други градови.
„Во топката има вградено ѕвончиња кои кога таа се тркала одѕвонуваа каде се движи . По ѕвонењето на ѕвончињата, вградени во топката, слепите лица доаѓаат до неа и комбинираат…“- вели Драги Витанов, објаснувајќи на кој начин слепите лица го играат и уживаат во овој спорт.