Вучиќ: Ако Србија не го реши проблемот со наталитетот, за 40 години нема да имаме ни држава ни народ – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/19 12:38 PM

Вучиќ: Ако Србија не го реши проблемот со наталитетот, за 40 години нема да имаме ни држава ни народ

„Ако на проблемот со наталитетот не му се посветиме веднаш и на поинаков начин, ќе ја загубиме земјата, а на тоа немаме право, бидејќи наша обврска е да се грижиме за татковината во иднината. За 40 години нема да имаме ни држава ни народ“. Ова се драматичните зборови на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во обраќањето до нацијата, во кое алармираше на демографската катастрофа во која се наоѓа Србија, слична како и во некои други земји во регионот.

Според потадоците што ги презентираше, Србија, ако продолжат сегашните неповолни трендови на депопулација, од сегашните седум милиони жители, до 2060 година ќе падне на меѓу 3,9 и 5,5 милиони жители. Секој ден таа „губела“ по 107 луѓе.

Во својот неодамнешен говор во Собранието на Србија, Вучиќ демографската слика на Србија ја спореди со состојбата на Косово.

– Демографските податоци во полседните 120 години покажуваат како драматично се менуваше бројот на Србите. Во Косово и Метохоја во 1455 година живееле 95 отсто Срби, во 1871 – 64 отсто, а по српско-турските војни првпат Србите во однос на Албанците беа малцинство. Ако ништо не промениме, во 2100 година ќе не’ има двапати помалу од Албанците на западен Балкан – рече Вучиќ.