Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава за лицето кое се претставува како Ел Чека, откако на социјалните мрежи објави прислушувани разговори или таканаречени „бомби“. Пријавата е доставено до Обвинителството во Кичево, бидејќи лицето е со адреса на живеење во Кичевското село Турин, иако кривичните дела „неовластено прислушкување и тонско снимање и неовластено снимање“ ги извршува од Чикаго, САД.
Во меѓувреме, а имајќи ја предвид итноста за заштита на правата на оштетените, Основното јавно обвинителство Скопје на 31 мај годинава, изготви и достави барање за меѓународна правна помош со цел обезбедување на потребни податоци од профилот на социјалната мрежа. Воедно, обвинителството побара од надлежните органи во САД да преземат законски дејствија во насока спречување на натамошно објавување на сниманите материјали.