Пингпонгарите на Вардар се старо-нови шампиони, откако викендот ја завршија финалната серија од домашното првенство со 3-1 во победи против Младост Прилеп, објави Македонската информативна агенција.
Тимот на Вардар составен од Станојковски,Апостолоски и Кироски под водство на тренерот Филе Матевски во текот на целата сезона претрпе само два пораза, еден во регуларниот дел од сезоната и еден во полуфиналето на плеј офот.
За вицешампионот Младост во финалните натпревари настапија, Јочкоски, Штаргоски и Милошевиќ (Србија ), предводени од тренерот Зоран Јованоски – Тарзан.