Утринава околку три часот по полноќ, полициските службеници од СВР Охрид пронашле 12 вреќи во кои имало 196 пакувања со марихуана во близина на регионалниот пат Подмоље – Радожда, пред струшкото село Калишта, информираат од МВР.
По насоки, добиени од јавен обвинител, марихуаната е предадена за вештачење и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.