Србија: Ученици штрајкуваат со глад во општинска зграда – бараат враќање на омилениот воспитувач – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/19 12:04 PM

Србија: Ученици штрајкуваат со глад во општинска зграда – бараат враќање на омилениот воспитувач

Во општинската зграда во српскиот град Кралево вчера група средношколци почна штрајк со глад. Бараат од надлежните да им го врати надлежниот воспитувач Горан Булатовиќ на работното место во Ученичкот дом во Кралево, како што претходно им било ветено и од Министерството за просвета и од градоначалникот, откако штрајкувале со глад во Ученичкиот дом.

Учениците сега штрајкуваат со глад во општинската зграда и истакнуваат дека ќе истраат во протестот да им се врати омилениот воспитувач, пишува белградски „Информер“.

Булатовиќ е преместен на друго работно место откако со допис го алармирал ресорното министерство, укажувајќи на случајот со шокантно насилство што се случил во Ученичкиот дом кон крајот на минатата година.