Ова во телевизиско гостување го најави протпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, кој не ја исклучи можноста дел од шестте потпретседатели да биде повторно вратен на таа функција, откако беа разрешени изминатиот викенд.
-Во разговори со партиското членство ќе одлучиме околу новиот состав на раководството на СДСМ. Претпоставувам дека така треба да се случува. Не ја исклучувам можноста на дел од функционерите кои што депонираа оставки, дел од нив да бидат и вратени на позиција. Не знам зошто би се исклучило како можност”, рече Костадинов.