Канадскиот премиер е познат по неговиот избор на чорапи кои не би се вклопиле во дрес-кодот на кој сме навикнати да го гледаме кај политичарите.
Тој неколкупати избра да носи чорапи со интересни дезени или со впечатлива боја.
Овој тренд почнуваат да го прифаќаат и нашите политичари. Поранешниот градоначалник на општина Центар на Фејсбук објави фотографија, со опис „London calling…“, но она што многумина го забележаа беше неговиот избор на црвени чорапи.
Се надеваме на похрабар избор на дезен за следната прилика.