Беровската депонија цел на пиромани – ММС
ММС

Објавено на: 05/30/19 2:42 PM

Беровската депонија цел на пиромани

Веќе трети ден гори беровската депонија. Според сознанија на Јавното претпријатие за комунални услуги  „Услуга”, депонијата се пали намерно, за што, како што информира директорот на претпријатието Илија Рунтевски, веќе е поднесена кривична пријава до надлежните.
-Причината за горење на депонијата е палење од непознат сторител пртотив кој е поднесена кривична пријава до надлежното министерство. Се надеваме сторителот ќе биде пронајден и најстрого казнет за ваквиот чин, вели Рунтевски.
Додава дека ЈКПР „Услуга” во соработка со Територијалната противпожарна единица од Берово ги презема сите неопходни мерки на терен и активности за гасење на депонијата, а ангажирана е и приватна фирма, стручна за санирање на состојбата и непогодите од ваков вид.
Во рамки на утрешниот ден, како што информираат од претпријатието, се очекува депонијата во целост да биде изгасната.