Косовскиот претседател, Хашим Тачи изјави дека нема да дозволи формирање Заедница на српски општини, затоа што, како што рече, тоа би значело формирање Република Српска на Косово.
„Точно е дека претходно се согласив со формирање Заедница на српски општини, но околностите се променија и не можеме тоа да го дозволиме во замена за визна либерализација“, рече Тачи додавајќи дека таксите мора да останат во сила, јави Танјуг повикувајќи се на приштинскиот весник „Зери“. Тачи додал дека Европската унија „и го свртела грбот на Приштина затоа што ниту после три години од давањето препорака за визна либерализација, земјите членки се уште не донеле одлука“.