НАТО и ЕУ сакаат марионети за бришење на името на македонскиот народ – му порачал Бачев на Тимоние – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/19 6:39 PM

НАТО и ЕУ сакаат марионети за бришење на името на македонскиот народ – му порачал Бачев на Тимоние

Амбасадорот Тимоние  и заменик амбасадорот, Станислас Мрозек денеска се сретнаа со претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев и членот на Извршниот комитет Ацо Николовски. Тие разговарале за актуелната политичка и економска состојба, но и за новите околности со подемот на националните партии по изборите за Европскиот парламент.

На средбата, како што соопштија од партијата, Бачев истакнал дека доколку дојде на власт ќе го поништи Договорот со Грција, додавајќи дека македонскиот народ никогаш нема да го прифати бришењето на се’ што е македонско.

Бачев не се согласува дека нема алтернатива за евроатлантските процеси, па според него опстанокот на земјата може да се обезбеди со стратешко партнерство со Русија. Тој  на средбата со Тимоние ги искритикувал НАТО и  ЕУ дека сакаат марионети кои му служат на геноцидниот проект за бришење на името и идентитетот на македонскиот народ, а не грабежот врз народот.