Ужина, односно времето во кое меѓу оброците само ”грицкаме” нешто, веројатно e најголемиот непријател при губење на тежината на секој од нас. Проблемот е во тоа што во периодот помеѓу двата оброка, најчесто посегнуваме по нездрави грицки, но ако таа навика ја промениме и како ужина вклучиме здрави, мали оброци, можеби уште поефикасно би ја изгубиле тежината, бидејќи би го забрзале метаболизмот низ режимот на исхрана кој се состои од 5 помали оброци.
Еве неколку совети за здрави грицки кои можат да бидат идеална ужина ако сакате да ослабете:
- Микс на ореви
Направете микс од бадеми, ореви, индиски ореви, лешници и печени кикирики, на кој ќе додадете и малку суво овошје. Изедете мал број на овие намирници и ќе бидете сити до ручек, но не претерувајте, бидејќи иако тоа спаѓа во здрава ужина, јаткастите плодови се многу калорични.
- Природен овошен јогурт
Наместо да купите овошен јогурт преполн со шеќери, ставете во јогуртот свежо овошје и измешајте, за да добиете целосен вкус на овошје, а избегнувајте вештачки засладувачи.
- Јајца и тост
Оваа половична порција за доручек, ќе биде идеална ужина, ако сте многу гладни и потребно ви е нешто што ќе ве држи сити до ручек. На вас е да одлучите дали ќе јадете варени или пржени јајца со парче тост леб, но важно е да изедете само едно јајце, бидејќи се работи за меѓуоброк, кој количински би требало да биде помала порција од редовниот доручек.
- Пуканки
Пуканките се идеална ужина која не здебелува. Покрај тоа, можете да користите разни зачини за да добиете поинтересен вкус на вашите домашни пуканки.
Извор: denar.mk