Полицијата го уапси некогашниот ирански потпретседател и поранешен градоначалник на Техеран, Мохамад Али Наџафи, откако призна дека убил една од своите две жени со пиштол во нивната куќа.
Полицијата вчера го привела Наџафи откако сам се пријавил и признал дека ја убил својата сопруга Митра Наџафи, јави агенцијата ИРНА цитирајќи го обвинителот Мухамед Џахријари.
Џахријари рекол дека Наџафи и неговата сопруга имале семејни проблеми.
Полигамијата е легална во Иран, па сепак многумина на социјалните мрежи го критикуваа Наџафи (67) откако се ожени со 35-годишната Митра.
МИА