Одбележување на Меѓународниот ден на менструалната хигиена – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/19 7:45 AM

Одбележување на Меѓународниот ден на менструалната хигиена

По повод одбележување на Меѓународниот ден на менструалната хигиена, Новинарите за човекови права денеска ќе го промовираат „Фондот за намалување на менструалната сиромаштија” .

Како што информираат организаторите, првата донација е од Банката за храна и Еурохуман Интернационал, а Фондот е отворен за сите компании кои ќе можат да донираат средства за управување со менструалната хигиена и нивната достапност до сите.

На настанот ќе биде промовирана и платформата helpfreely преку која пазарувајќи онлајн ќе се вклучите во донирање процент за намалување на менструалната сиромаштија во Македонија.