Во Собранието денеска и утре ќе се одржи „Специјален семинар за Република Северна Македонија – Следните чекори кон НАТО”.
Воведни обраќања покрај претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе имаат и бригадниот генерал Дитер Барајс, од Центарот „Џорџ Ц. Маршал”, амбасадорот на Германија во нашата земја Томас Н. Герберих и в.д. амбасадорката на САД во Скопје Микаела Швајцер-Блум.
За пристапувањето на Северна Македонија во НАТО – Преглед на стратешкиот контекст (политика на отворени врати, Западен Балкан, актуелни безбедносни предизвици), достигнувањата на Северна Македонија во НАТО, и преостанати чекори и задачи, ќе говори Тања Хартман од одделот за политички прашања и безбедносна политика при ГШ на НАТО, а пак директорот на Програма за евроазиски студии, Центар Џорџ Ц. Маршал, потполковник Џонатан Дрејк ќе говори на тема „Како функционира НАТО: Структури и процеси – Организациски структури на Алијансата и процеси на донесување одлуки на хартија и во пракса, вклучувајќи воени совети и командни структури, финансирање, национална и меѓународна координација, и како земјите му пристапуваат на учеството”.
Во попладневниот дел на Семинарот едночасовни излагања ќе имаат полковник Брус Бак, висок меѓународен аналитичар за безбедност, RAND и Марк Леити, директор, Оддел за комуникации, Врховен штаб на сојузничките сил