Фирмата задолжена за изградбата на шестоседот Лајтнер на крајот на јуни треба да го предаде на Елем Турс, а во текот на летниот период ќе се изврши целсоно тестирањето на новата жичница, изјавија од раководството на ски цетнарот
Новата жичница на ски центарот имаше неколку неуспешни почетни обиди за градба. Пред повеќе години таа започна да се гради над главните цевки на тетовскиот водовод кои беа оштетени, при што градежните активности беа запрени од тетовскиот инспекторат.Локацијата за изградба на жичницата беше поместена стотина метри подалеку на почетнатата станица од поранешниот ски лифт Мал Јелак, но и тука се појави проблем. Инспекторатот за екологоја утврди дека градежните активности се одвиваат без потребниот елаборат за заштита на животната средина.
По неколку години Елем Турс претпријатие кое стопанисува со Попова Шапка успеа да ги извади документите и продолжи со градбата. Шестоседот е еден од најсовремените жичници за превоз на скијачи со голем капацитет. Со неговото пуштање во употреба се очекува да се растеретат гужвите и долгите редови на скијачи пред ски лифтовите на Попова Шапка, за време на екот на скијачката сезона.
Зоран Димовски