Унаи Емери, стратегот на Арсенал, сака да го ангажира голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, објавија медиумите во Италија.
Актуелниот голман на „топџиите“, Бернд Лено, пристигна во летото на „Емирати“ и помина сезона полна со променливи настапи, но сепак се избори за стартно место под рамката.
„Тутомеркато“ тврди дека Петер Чех, кој се пензионира летово, го изрази своето мислење пред штабот за Лено. По овој разговор, Унаи Емери им посочил на менаџерите да се обидат да го донесат Џанлуиџи Донаура од Милан.
Медиумите соопштија дека 20-годишниот фудбалер е на чекор од заминување од „Сан Сиро“, бидејќи Милан мора да се придржува до регулативите за финансиски ферплеј по неуспехот да се пласираат во Лигата на шампионите следната година.
Ова значи дека нашиот голман Дејан Илиев које е дел од Арсенал, тешко дека ќе добие вистинска шанса да го покаже својот квалитет.
Извор: sportclub.mk