Перез го фаворизира Роналдо – на Зидан можеби и нема да му биде сеедно – ММС
ММС

Објавено на: 05/28/19 3:10 PM

Перез го фаворизира Роналдо – на Зидан можеби и нема да му биде сеедно

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, потенцира дека Кристијано Роналдо бил најдобриот играч кој тој во неговото владеење во клубот, успеал да го ангажира.

Перез е повеќе од 15 години прв човек во Реал Мадрид, во два мандати.

Несомнено дека во неговата ера дојдоа некои големи имиња како Дејвид Бекам, Кака, Зинедин Зидан, но Перез го издвои како најдобро засилување Кристијано Роналдо.

„Кристијано беше неверојатен професионалец кој никогаш не предизвикуваше проблеми. Тој беше најдобриот играч кој го доведов во Реал, имав одличен однос со него, никогаш немавме расправија“.

„Сметам дека му требаше нов предизвик па затоа реши да си замине. Немав никогаш проблеми со него или од неговите финансиски барања. Имаше шпекулации дека тој сака да замине поради данокот во Шпанија, но тоа не е точно. Тој сакаше промена, а тоа го пронајде во Јувентус“, констатира Флорентино Перез.

Во 2009 година Реал му исплати на Јунајтед тогаш рекордни 94 милиони евра.

Извор: sportclub.mk