Без капитенот Горан Пандев македонската фудбалска репрезентација го почна првиот дел од подготовките за јунските натпревари со Австрија и Полска.
Покрај Пандев, поради клупски обврски отсуствуваат и голманите Илиев и Шишковски, додека Адеми, Николов, Алиоски и Трајковски утре ќе бидат во стројот на селекторот Игор Ангеловски.
Мала повреда на задната ложа има Дарко Велковски, но дефанзивецот на хрватска Ријека е во тренажен процес.
Македонија на 7 јуни ќе игра со Полска, три дена подоцна против Австрија. Двете средби се од квалификациите за ЕУРО 2020 Г-груп и ќе се играат на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.
МИА