Косовскиот претседател Хашим Тачи по состанокот на Националниот совет за безбедност на Косово, ги стопира акциите на северот на Косово и соопшти дека неколку лица од различни националности, вклучувајќи и Русин, биле уапсени, објави Клан Косова.Тачи рече дека оваа акција на полицијата не е насочена против ниедна заедница, но е против криминалот, при што им се заблагодари на граѓаните за соработка.
– Акцијата е преземена во поширокиот дел на Република Косово, каде што има уапсени од различни националности, Албанци, Бошњаци, Срби и Русин, кој беше камуфлиран како дипломат за спречување на работењето на косовската полиција”.
Меѓу апсените има полицајци и граѓани, кои се товарат за делото: “Учество или организирање на криминална група” во врска со други кривични дела; “Криумчарење на стоки”, “Злоупотреба на службената положба”, “Подмитување и поткуп”. Девет од уапсените се полицајци.
Откако се сослушани, полицајците, царинските службеници и граѓаните се ослободени, известува Клан Косова.
Телевизијата јави дека специјалните возила веќе се повлекуваат од северниот дел на Косово.