Презентација на кратки видео записи во врска со царинското работење – ММС
ММС

Објавено на: 05/28/19 7:06 AM

Презентација на кратки видео записи во врска со царинското работење

Царинската управа на Република Северна Македонија денеска ќе презентира кратки информативни видео записи во врска со царинското работење, кои се дел од проектот „Како подобро да се разберат царинските постапки”.

Видео записите се изработени од Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО од Скопје, под покровителство на KGH Douaneopleidingen (Customs Services Company) од Холандија и Nuffic – независна, непрофитна, холандска организација за интернационализација во образованието.

Овие видео записи се изготвени со цел олеснување на трговијата преку развивање на знаења и вештини на сите инволвирани во царинскиот процес на тарифно распоредување, царинска вредност, правила за потекло, инкотермс правила и учество на царината во приходите.

На презентацијата, што ќе се одржи во Стопанската комора, ќе се обратат директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, заменик амбасадор на Кралството Холандија Андри ван Менс и Бенедикт Меиле претставник од KGH Douaneopleidingen од Холандија.

МИА