Во Домот на културата „Наум Наумоски Борче“ во Крушево денеска за прв пат е отворена иложбата дела-творби од креативни пациенти, сместени во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница“ во Демир Хисар.
На изложбата, која се спроведува во соработка со крушевскиот Дом на културата, се претставени 39 дела- творби во резба и во акварел на пациентите од установата од Демир Хисар.
Изложбата за посетителите ќе биде отворена до 2 јуни.
МИА