Хоспитализирана жена касната од змија во Штипско – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/19 3:38 PM

Хоспитализирана жена касната од змија во Штипско

Змија отровница каснала жена, која се движела во атарот на селото Шашаварлија, близу Штип. Жената веднаш е префрлена на Инфективното одделение на Клиничката болница, каде е хоспитализирана. На жената и’ е пружена медицинска помош и е во добра здравствена состојба, потврдуваат од болницата.

Иако времето е променливо, со повремени врнежи од  дожд, топлото време, се чини, алармира на доза внимателност при движење во природа.

Во Македонија има 16 видови змии, од кои три вида се отровни.