Шпекулациите во врска со договорот меѓу Јувентус и Пеп Гвардиола конечно ги елиминира спортскиот директор на торинскиот клуб Фабио Паратичи.
На сите сега им е јасно дека Гвардиола нема да биде нов тренер на Јувентус откако Алегри си поднесе оставка.
„Разбирам дека е малку чудно, но ние воопшто немавме контакт и не размислувавме за него како тренер бидејќи има договор со својот клуб. Глупаво е што морам да демантирам шпекулации, но таков е светот во кој живееме“, изјави Паратичи.
Италијанските медиуми повторно шпекулираат дека нов тренер на Јувентус ќе биде Маурицио Сари кој, наводно, потпишал договор на три години.
Извор: sportclub.mk