Семките од тиква се суперхрана, бидејќи се богати со протеини, растителни влакна, минерали и витамини. Ако помеѓу оброците како ужина изедете 30 грама семки од тиква ќе внесете дури 7,4 грама протеини, 1,3 грама влакна, 4,5 мг железо, 160 мг магнезиум, 240 мг калиум и 2,2 мг цинк. Инаку, оваа закуска има 160 калории.
Семките од тиква содржат и аминокиселина триптофан кој учествува во создавање на серотонин и мелатонин. Серотонин позитивно влијае на расположението и квалитетот на сонот, додека мелатонинот го регулира циклусот на спиење и будната состојба.
Овие семиња имаат дури и антивоспалителни својства. Една студија покажала дека ефикасноста на масло од семките од тиква во третманот на артритис може да се спореди со ефикасноста на антиинфламаторниот лек индометацин, со тоа што употребата на масло не носи со себе несакани ефекти.
Како што споменавме, семките од тиква претставуваат и добар извор на магнезиум (160 мг на 30 грама семки). Овој минерал го поддржува кардиоваскуларното здравје, здравјето на нервниот и мускулно-скелетниот систем.
Извор: denar.mk