Секс во замена за оценка барале професори на тетовските универзитети – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/19 2:29 PM

Секс во замена за оценка барале професори на тетовските универзитети

Од 334 студенти кои биле анкетирани, 15 навеле дека им биле побарани сексуални услуги од професори на двата Универзитети во Тетово. Ова како што објавува „Независен“ го покажа истражувањето што беше спроведено во рамки на проектот проектот „Родова дискриминација во средното и високото образование“, на Феминистичкиот клуб и Студентскиот парламент при Универзитетот на Југоисточна Европа. Претежно таквите услуги биле побарани од женските студенти.

–Со оглед дека студентите ги кажале и имињата на професорите, може да се каже дека меѓу нив има и луѓе на високи позиции во државните институции. Ние ќе ги доставиме информациите до управите на Универзитетите и до надлежните институции кои треба да ги процесуираат случаите, изјави Рита Бехадини од Феминистичкиот клуб.

На прашањето „дали лично сте се соочиле со дискриминација“ со „Да“ одговориле 58 отсто од анкетираните, додека 62 отсто изјавиле дека тоа го направиле професори, пишува „Независен“.

 

Извор: Независен