Протест на белградските таксисти – центарот на Белград блокиран – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/19 11:08 AM

Протест на белградските таксисти – центарот на Белград блокиран

Таксистите протестираат пред Собранието на градот Белград барајќи да се применува Законот за превоз на патници и фирмата „Кар Го“ да престане со работа, објавуваат белградските медиуми.

Протестот почна денеска во 10 часот. Тој дел на градот е блокиран од многуте такси-возила. Очекуваат од локалната самоуправа да го спроведува законот. Таксистите се договориле дека денеска нема да даваат изјави за медиумите.