Најмалку 30 луѓе загинаа, а 200 се водат за исчезнати откако вчера се превртел и потонал брод на езеро во западен Конго.
Сајмон Мбо Вемба, градоначалник на градот Инонго, за „АП“ рече дека повеќето од луѓето на бродот што потона на езерото Маи-Ндомбе биле наставници кои тргнале да ги примат своите плати. Патувале со брод зашто патиштата во таа африканска земја се многу лоши.
Не е познато колку луѓе биле точно на бродот кога потонал на лошо време. Се проценува дека ги имало повеќе стотици, а преживеале околу 80.
Бродовите во Конго обично се претрупани со патници и со багаж, а официјалната листа на патници најчесто не одговара на реалноста.