Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен на Ќафасан – ММС
ММС

Објавено на: 05/26/19 1:00 PM

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен на Ќафасан

– Македонски државјанин утрово е уапсен на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга, откако при конролата било утврдено дека се бара со меѓународна потерница издадена од Интерпол Бугарија.

Според албанската полиција станува збор за Р.Х.(52), кој се бара за кривично дело „кршење на законот против монетарниот и кредитниот систем“.

– Македонскиот државјанин Р.Х. жител на Скопје беше уапсен при влез во Република Албанија, бидејќи при проверката на документацијата во системот, беше утврдено дека се бара со меѓународна потерница. Потерницата е издадена од канцеларијата на Интерпол, Софија по барање на Судот во Благоевград, Бугарија, за кривично дело за кое бугарскиот кривичен законик предвидува максимална затворска казна во траење од осум години, стои во полициското соопштение.

За понатамошно дејствување информирана е Канцеларјата на Интерпол Тирана со цел негова екстрадиција во Бугарија.

МИА