Тешка ноќ за владините министри – утре ќе се знае кој ќе го фати метлата – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/19 9:07 PM

Тешка ноќ за владините министри – утре ќе се знае кој ќе го фати метлата

Утре ќе заседава Централниот одбор на СДСМ, каде според најавите на некои од медиумите, на пет до шест министри од СДСМ ќе им биде соопштено дека ќе си одат. Со денови се шпекура со имињата, но извесно е само дека ќе бидат разрешение сите партиски претседатели по градовите, а најавено е дека ќе има и смена во високото партиско раководство.

Што се однесува до владата и кадрите од ДУИ,  ТВ 21 објави дека покрај директорите кои не ги исполниле очекувањата, сменети ќе бидат и министри. Деновиве Заев имаше средби со коалицискиот партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети на кои се разговарало за најавената реконструкција на Владата.

-Според неофицијални информации Заев на средбата со Ахмети инсистирал Садула Дураку да биде сменет, а дури би бил спремен и да го препушти министерството  за транспорт на ДУИ и да го земе министерството за екологија. На тој начин би му дал причина на Ахмети да го смени Дураку, а на тој начин и Заев полесно ќе го замени актуелниот министер во транспорт Горан Сугаревски. За Дураку се говори дека тој ќе биде ротиран на чело на новото министерство за политички систем, неодамна тој изјави дека измените ги смета за позитивни, соопшти ТВ 21.