По експлозијата на бомба Франција ја зголеми безбедноста на јавни места – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/19 8:20 PM

По експлозијата на бомба Франција ја зголеми безбедноста на јавни места

Попладнето повторно експлодира бомба во центарот на источниот француски град Лион, при што беа повредени 13 лица.Меѓу повредените во експлозијата е и девојче на возраст од осум години, која помина со површни повреди.
Полицијата трага по велосипедистот кој беше забележан како ја напушта парцелата надвор од пекарница на аголот од улицата „Виктор Иго“, се вели во извештаите.
Анти-терористичките обвинители ја презедоа истрагата во третиот по големина град во земјата.
Францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, рече дека наредил да се зголеми безбедноста на јавни места и на големите настани.
Она што се знае засега е дека уредот што експлодира, бил полн со завртки. Екаплозијата одекнала околу 17:30 часот на улицата во историскиот центар на градот.
Извештаи велат дека еден човек на возраст меѓу 30 и 35 пристигнал на велосипед и ја фрлил торбата, што потоа експлодирала. Носел маска за лице и темни очила.